Кенгурот секојдневно ги гушка волонтерите кои му го спасувале животот

Како и луѓето, животните имаат чувства – не се сомневам во тоа. Животните развиваат силни чувства кон оние кои се грижат за нив или им го спасуваат животот. Еден од прекрасните примери е Абигејл, кенгурот.

Кога имала само неколку месеци ја изгубила мајка си. Потоа пристигнала во засолниште за кенгури во Австралија. Таму беше добро прифатена од многу волонтери. Се разбира, таа им врати подеднакво.

Сега, 10 години подоцна, таа секојдневно ги гушка волонтерите кои ја спасувале. Поради нејзината прекрасна природа, таа го доби прекарот „Кралица“. Сега сите вработени во прифатилиштето го започнуваат денот со прегратка со Абигејл.

На Фејсбук страницата на засолништето пишува: „Аби е израсната овде. Таа дојде кога беше многу млада. Кај нас дојде кога имаше само 5 месеци и беше во лоша форма. Но, таа порасна во прекрасен седумгодишен кенгур и е мојот единствен кенгур кој не прегрнува сите. Аби е невообичаено светла и многу убава“.