Кинез ја направи најголемата надворешна батерија на светот!?

Кинески сервисер за електроника направи огромна и можеби најголема надворешна батерија во светот (power bank), која има огромен потенцијал. Во светот на технологијата видовме примери на батерии, со капацитет до 30.000 mAh (милиампер часови), кои се доволно преносливи за да се преместуваат. Сепак, овој давател на услуги за електронски уреди од Кина создаде огромна надворешна батерија од 27.000.000 mAh.

Хенди Генг објави видео на YouTube во кое детално го опишува процесот на создавање на овој огромен уред. Според проценката на Генг, надворешната батерија има капацитет да наполни повеќе од 5.000 телефони, од кои секој има батерија од 3000 mAh.

Надворешната батерија е со димензии 1,8 x 1,2 метри (должина и ширина), а има заштитна рамка и околу 60 порти. Поддржува напонски потенцијал од 220V, преку неговите излезни конектори за полнење.

Интересно е тоа што може да напојува и големи електронски уреди, како што се телевизори и машини за перење, а може да полни и електрични скутери. За полесен транспорт, Geng додаде тркала на надворешната батерија. Батеријата изгледа како стандардна надворешна батерија, со таа разлика што е многу поголема.