Кинески богаташ го срамни со земја своето родно село, а потоа се случи нешто чудно

Кинескиот милионер прво со булдожери го срамни со земја своето родно село, а потоа на истото место изгради луксузни домови за сиромашните соседи.

Бизнисменот Ксионг Шуихуа е роден во селото Ксионгкенг, недалеку од градот Ксинју во јужна Кина.

Кога бил момче, неговото семејство, едно од најсиромашните во селото, имало голема поддршка од соседите кои често се грижеле за нив. Затоа, кога 54-годишникот заработил милиони во челичната индустрија, решил да им се оддолжи на соседите.

Богатиот се вратил во селото и на сите им подарил нови, луксузни домови.

Пред пет години целото село беше срамнето со земја, а во последните неколку години областа е претворена во модерна станбена зона во која живеат 72 семејства, пишува DailyMail.

Вкупно 18 семејства кои покажаа посебна милост кон семејството на богаташот добија приватни вили. Покрај решавањето на станбеното прашање, на најзагрозените им вети три оброци на ден.

Заработив повеќе отколку што ми треба. Сакав да се вратам на моите корени. Секогаш ги враќам долговите, особено на оние кои ми помагаа мене и на моето семејство кога бев помлад – изјави Ксионг Шуихуа.

Се сеќавам на неговите родители. Тие беа срдечни луѓе кои се грижеа за другите и прекрасно е што Ксионг ја наследи таа добрина – изјави 75-годишниот Чионг Чу.