Клекнал да запроси девојка: Пред да се каже да, со болки заврши на подот ВИДЕО

Триатлонецот Кристијан Моријатиел реши да ја запроси својата девојка откако го заврши триатлонот „Ironman“ во Естонија. Прстенот, бината, помошта на пријателите, се беше подготвено за моментот што може засекогаш да му го промени животот, Кристијан клекна пред својата девојка, но плановите ги расипа грч.

Во моментот кога тој клекнал пред неа, непосредно пред да го постави судбоносното прашање, Кристијана добила силен грч, поради што паднала на подот, и веднаш заплакала.

Меѓутоа, идниот младоженец со помош на пријателите собрал сили и ја замолил девојката да се омажи за него, а таа одговорила да.

Откако таа се согласи да се омажи за него, Кристијан со болна гримаса на лицето ја бакнува својата свршеница, со голем аплауз од толпата.

Слаткото видео привлече голем број прегледи на социјалните мрежи, но и коментари.

Додека некои мислат дека ова е „најдобриот предлог досега“, други не се толку сигурни и истакнуваат дека грчот токму во овој момент е знак за Кристијан уште еднаш да ја преиспита својата одлука.