Кога банката ќе згреши – Се разбудил со милион долари на сметката и ја искористи „шансата“

Бидејќи банката случајно му префрлила 1,3 милиони долари на сметката, рускиот државјанин купил четири стана, два луксузни автомобили и iPhone и за сето тоа е осуден на шест години затвор. Случајот со жителите на Русија, кои преку ноќ станаа милионери по обична банкарска грешка, е доказ дека животот може да биде суров и дарежлив во исто време.




Триесет и петгодишниот Роман Јурков добил 95,2 милиони рубљи или 1,3 милиони долари, по техничка, дигитална грешка на банката. Како и многумина од нас, така и Јурков се израдува на парите на сметката и тргна да пазари. Купил четири стана, автомобил, скап телефон.




Ја повикал банката да го провери салдото на неговата сметка, добил потврда од која се гледа дека има 1,3 милиони долари на сметката. Ја искористил банкарската грешка, подигнал пари и отишол на шопинг. За 24 часа направил 220 посебни трансакции.




Јурков истакна дека е во постојан контакт со банката, што го потврдија и надлежните од банката. Сметката е замрзната, а Јурков е уапсен. Судот го прогласи за виновен и го осуди на шест години затвор.
After the bank accidentally transferred $1.3 million to his account = A #Russian man purchased 4 apartments, 2 luxury cars, and an iPhone only to be caught later and sentenced to 6 years in jail. – https://t.co/PEu2Fv14vU pic.twitter.com/OLTvmka4eX
— Luxurylaunches (@luxurylaunches) July 2, 2021