Кога влегла во пубертет почнала да и расти брадата – Се бричев два пати дневно, а потоа се одлучив да одам во циркус

Ако сте се запрашале како навистина изгледа животот на „брадестата дама“ од циркусот, ова е вистинскиот текст за вас. Во моментот кога Дакота Кук, која има 30 години, влегла во пубертет, забележала раст на влакна на нејзиното лице. Наскоро таа се посвети на козметички третмани, секоја недела одеше на депилација и бричење на лицето два пати на ден, верувајќи дека така ќе се ослободи од влакната и ќе изгледа женствено.

Дакота со години се чувствувала несигурна и осудена поради проблемот што се појавил за време на пубертетот. Таа падна во депресија и анксиозност и немаше почит кон себе. И покрај тоа што беше подложенa на неколку тестови, никој не беше јасен што ги предизвика влакната на лицето на Дакота.

Лекарите веруваат дека тоа има врска со нејзините надбубрежни жлезди, кои произведуваат покачени нивоа на тестостерон. „Пријателите и семејството го привлекоа вниманието на мојот очув на проблемот што го имам, па ме одведе на лекар, а потоа во салонот каде што првпат се депилирав. Беше доста непријатно, бидејќи во тоа време сакав да научам како да ги бричам нозете.

Пораснав во таква средина каде што никој не разбираше дека имам проблем, па дури и жените во салонот ми рекоа дека на девојките не им растат влакна на лицето“, изјавила Дакота. „Западнав во голема депресија која траеше долго, потонав од срам и се обидував да го скријам лицето, а еднаш неделно одев на депилација. Дојде моментот кога ја најдов мојата прва работа во малопродажба.

Тогаш го бричев лицето два пати на ден, еднаш наутро, а потоа на паузите на работа. Со шминкање покривав лузни и осип од бричење“, се пожалила девојката. Сè се сменило во 2015 година, кога Дакота била на забава со пријател, кој и кажал дека работи во циркус. На Дакота и се допадна идејата да биде брадеста дама, па реши да го отфрли бричот и восокот и да остави влакната на лицето да и растат.

„Беше навистина огромно олеснување и го започнав моето патување кон самодоверба и љубов кон мојата брада“, се сеќава Дакота. „На почетокот ми беше доста непријатно, додека ја пуштав брадата многу пати сакав да ја избричам. Се сеќавам кога некој се обиде да ме фотографира откако пуштив брада. Бев многу загрижена поради интензивните погледи кон мене, но дојде и период кога веќе не ме интересираа туѓите погледи“.

Постепено, Дакота почна да се сака себеси и својот изглед. Сега работи во циркус како брадеста дама. „Семејството и пријателите ми дадоа голема поддршка за време на моето патување да се прифатам себеси. Дури и моите следбеници на TikTok се исто така неверојатни. Добивам само зборови за поддршка“, среќна е Дакот