Кога девојка вози автобус децата го обожаваат, чист е како солза и полн е со играчки

Кога девојка вози автобус се разбира тој е чист како солза. Средено е се, кога влегуваш во него има толку убава пријатна миризба што дури се возиш уживаш.

Вози девојка. Автобус во мојата населба. Ни го разубавува денот на сите кога ќе ја видиме… Тука се и играчките…

Се само некоои од низата позитивни коментари на Фејсбук-страницата каде е објавена фотка од внатрешноста на автобусот на линијата 48, кој сообраќа низ Белград. Инаку, линијата 48 ги поврзува Панчевачкиот мост и Миљаковац 3.