Колкав поклон – толку храна. Пукна брука на една венчавка на која некој добија јастук, други пилешко

Младенците решиле трпезата на свадбата да ја поделат по подароци: Ги поделиле гостите во категории и луѓето се бесни на нивната идеја Свадбите се навистина скапи и повеќето младенци обично бараат начини да заштедат неколку денари. Сепак, неколку корисници на Редит беа жестоко критикувани откако ја споделија својата идеја да им дадат подобра храна на гостите кои им даваат поскап подарок, односно повеќе пари.

Постојат дури и неколку категории на храна, а за најдобра опција од менито, гостите треба да издвојат 2.000 фунти како подарок. Младенците на својот Фејсбук профил објавија фотографија од менито, односно опциите за гости, а таа објава набрзо заврши на форумот за срам на Редит.
Имено, гостите кои ќе направат „подарок за љубов“ до 190 фунти, за главниот оброк можат да изберат помеѓу печено пилешко или сабјарка.

После тоа, менито има „сребрена“ категорија која на гостите кои ќе издвојат 385 фунти им нуди избор на стек или лосос. Нивото „Златно“ е достапно само за најблиските кои трошат или даваат помеѓу 450 и 770 фунти и можат да се почестат со филе мињон или опашка од јасток. Конечно, постои опција „платина“ за гостите кои издвојуваат повеќе од 2.000 фунти, а како „благодарност“ младенците ќе добијат специјални чаши за шампањ како сувенири, како и јасток од еден килограм.

Лошата вест за вегетаријанските гости е што оброците без месо се даваат само на оние од највисоката категорија. Корисниците на Редит беа згрозени од нивното мени, а незадоволството не го криеја во коментарите. „Овие не се нормални“, „Сите гости нека кажат дека потрошиле повеќе од 2000 фунти, нека јадат јасток и потоа нека им се смеат кога ќе ги отворат подароците подоцна и ќе видат дека добиле евтин тостер“, напишале корисниците.

Откако добија негативни реакции од нивните гости, тие напишаа дека сето тоа е само шега