КОНСТРАКТА ОТКРИ КАКО ЈА ДОБИЛА ИДЕЈАТА ЗА НАСТАПОТ – Во подрумот смислив настап за Евровизија

Ана Ѓуриќ Констракта открива дека настапот за Евровизија го дизајнирала во подрум! Пејачката која во мај ја претставува Србија во Торино ја маѓепса цела Европа со песната „In corpore sano“

Настапот го смислив заедно со моите пријатели и членови на групата „Земља грова“. Вежбавме во подрум, во мојот стан и во студио. Едвај чекам сите заедно да пиеме кафе во Торино – вели Констракта.

Таа ја напиша својата хит песна среде пандемијата на коронавирус: Ја пишувам со денови. Потоа ја исчистив од непотребни зборови, за да биде што поедноставно. Создадена е за време на корона додека имав грст слободно време.

Се сеќавам дека шетав по блоковите со моето куче секој ден за време на паузите за пишување.
Погледнете го видеото во продолжение