Кој има првенство на минување? Раскрсница која многу не знаат да ја решат

Познатиот германски автомобилски клуб ADAC повеќе од 100 години е посветен на работата и едукацијата за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Тоа е, инаку, најголемиот автомобилски клуб во Европа, кој собира 18 милиони членови, а исто така и најголемиот мото клуб, кој има околу 1,5 милиони мотоциклисти.

На својата Фејсбук страница, ADAC постојано објавува задачи за тест за сообраќај, оставајќи ги своите следбеници да понудат решение. Добро погледнете ја оваа слика и одговорете по кој редослед треба да се движат возилата на раскрсницата?

Доколку не сте сигурни, точните одговори можете да ги видите во текстот подолу.
СЕГА ПОГЛЕДНЕТЕ ГО РЕШЕНИЕТО:

Црвениот автомобил прв поминува низ раскрсницата, бидејќи останува на коловозот со првенство на минување. Го следи жолт камион, бидејќи доаѓа од пат со првенство на минување до пат без првенство на минување.

И синиот и зелениот автомобил се на пат со понизок приоритет и се вклучени во патот со првенство на минување, па за нив важи правилото за десната рака. Затоа, поминува сина кола, а по неа зелен автомобил. Сината, за разлика од зелената, не ја менува насоката на движење.