„Кој рано, рани – две среќи граби“ – Еве зошто e подобро да се разбудите порано

Дали е вистина дека „кој рано, рани – две среќи граби“. Тие кои стануваат рано велат дека е. Утрото навистина може да ви го промени животот, а ова се некои од причините зошто треба денот да ви почнува порано.

Имате време да се разбудите
Истражувањата покажуваат дека добро познатата „утринска успореност“ трае меѓу два и четири часа. Ако се разбудите во 08:30 за да бидете на работа во 9 часот, многу е можно да не бидете подготвени веднаш да почнете да ги извршувате обврските. Со будењето порано, му давате шанса на вашето тело да се разбуди природно. Иако на почетокот ќе ви биде потешко да станете порано, подоцна кога тоа ќе стане дел од вашата рутина, ќе бидете благодарни и ќе забележите дека имате повеќе енергија.

Помал ризик од депресија
Оваа ставка се однесува на жените. Студијата објавена во списанието за психијатриски истражувања покажа дека жените кои се будат порано имаат помал ризик од развој на ментални болести како депресија, анксиозност, нарушувања на расположението и други. Ова има смисла особено ако го погледнеме фактот дека сонот го регенерира нашето здравје.

Пооптимисти сте
Според една студија од 2014 година, ранобудниците се помалку склони кон негативни и тешки мисли од оние кои остануваат будни до доцна. Многумина од нас се соочуваат со стресни мисли пред спиење, поради што обично не можеме долго да спиеме. Иако нема копче за такво нешто што едноставно би ги исклучиле мислите, важно е да се работи на размислување за убави работи.

Ранобудниците се поуспешни
„Кога станува збор за деловниот успех, утринскиот тип на луѓе е далеку напред“, тврди биологот Кристоф Рендлер. Рандлер објасни дека неговото претходно истражување, кое опфатило 367 студенти, покажало дека оние што станувале порано добивале подобри оценки, што на крајот ги довело до одлични деловни можности. „Утринскиот тип на луѓе се посклони да се справуваат со проблемите. Тие се поактивни, што им овозможува подобро да успеат во нивните кариери“, додаде тој.

Ќе го подобрите квалитетот на сонот
Бројни студии покажаа дека оние кои стануваат рано имаат многу подобар квалитет на сон. „Ноќните птици“ имаат тенденција да развијат нарушувања на спиењето, па затоа спијат помалку од луѓето кои го започнуваат денот порано. Постојано слушаме колку е важно да му обезбедиме на телото осум часа сон и како тајната на здравјето и убавината лежи во тоа. Но, нема да можете да го направите тоа ако го одложувате станувањето од кревет Оние кои ќе легнат порано навечер полесно ќе заспијат и ќе се одморат