Крадецот лично вратил статуа од Исус на германски свештеник: “Пријде, заѕвони на вратата и ја извади статуата од јакна”

Мажот кој украл вредна статуа од Исус од црква во германскиот град Монезее, ја вратил неколку дена подоцна и лично му ја предал на свештеникот.




“Пријде, заѕвони на врата и ја извлече статуата од јакната”, рекол во петокот свештеникот Лудгер Еилебрехт. Во текот на разговорот кој уследил, крадецот му кажал на свештеникот дека ја украл статуата бидејќи сакал на Исус лично да му ги раскаже своите проблеми, рекол Еилебрехт.




Фала му на Бога што статуата е безбедна и неоштетена. Сите сме среќни што е вратенa. Пак се наоѓа на своето место”, изјавил свештеникот.Иако Еилебрехт не можел да даде информации за вредноста на статуата, рекол дека нејзината вредност за заедницата е непроценлива.




Статуата е од 300 години старата црква Свети Панкратие.