Кралицата Елизабета со своја Барби кукла по повод 70 години на тронот

Барбиката по моделот на британската кралица ќе биде пуштена во продажба на 96-от роденден на кралицата. Куклата ќе биде облечена во елегантен фустан со боја на слонова коска со сина лента украсена со кралски украси. Главата на куклата ќе биде украсена со дијадема направена според онаа на кралицата Мери, а Елизабета ја носела на денот на свадбата со принцот Филип.




Розовата лента на куклата е направена по примерот на украсот што ѝ го дал на кралицата нејзиниот татко Џорџ Шести.Mattel ја дизајнирале куклата како дел од колекцијата наречена Barbie’s Tribute Collection, лансирана минатата година во чест на сите „познати историски личности и визионери кои имаа извонредно влијание врз општеството“.




Куклата ќе се продава во специјална кутија инспирирана од стиловите кои преовладуваат во Бакингемската палата, изработена од 3Д украсени облоги и внатрешност што прикажува трон со црвен тепих.




Кутијата ќе има врежано лого во форма на грб и ознака за одбележување на годишнината од доаѓањето на кралицата на тронот.