„Кријам дека имам 10.000 евра на сметка, тој ПЛАЌА се“: Не му кажала на дечкото дека е богата, ПРИЧИНА целосен шок

Анонимна девојка ја сподели својата исповед на домашна страница каде луѓето секојдневно ги споделуваат своите приказни. Таа била шокирана од признанието дека крие огромна сума пари на својата сметка од емотивниот партнер.




Од дечко ми кријам дека имам 10.000 евра на сметка. Живееме под кирија, тој плаќа за се, јас учам и не работам. Тој е убеден дека јас сум сиромашна, а дека моите не се. Никогаш не го однесов дома со изговор дека се срамам што живеам во беда – започна девојката.




Таа ја откри причината за таквото однесување. Што знам, вака барем сум убедена дека е со мене од љубов. Мисли дека купувам облека од стипендијата, а не знае ни колку чини една моја чанта. Секогаш му велам дека сето тоа е оригинален „фејк“ – напиша таа и потоа го кажа можеби најшокантното:




Минатата година ме однесе на море на 10 дена, а јас се преправав дека првпат го гледам морето. Умирав од смеење бидејќи тој беше будала, а тој мислеше дека сум пресреќна. Тој не ни знае дека до својата 20-та година го патував половина свет – заклучила девојката.