Куче кое ги носи омилените играчки во кревет го воодушеви интернетот(Видео)

Неговиот сопственик изјави за Newsweek дека тој е корги стар 8 недели

Видеото на кое се гледа како куче скока во кревет со своите омилени грицки и играчки брзо стана вирално и ги освои срцата на корисниците на интернет.

– Сака да ги става омилените грицки и играчки на својот кревет – гласи насловот на објавата на Редит, кој собра повеќе од 34 илјади гласови. Во видеото, малиот велшки корги трча до своето креветче со нешто во устата, застанувајќи само за момент пред да скокне и да се свитка за да се чувствува удобно.

Неговиот сопственик изјави за Newsweek дека тој е корги старо 8 недели, а омилени играчки му се папучи, лижавче од јаже, мала мека играчка за џвакање и пластично шише со вода.

– Тој е многу нежен со малите деца и поради некоја причина многу сака градежни работници. Има изливи на енергија во 5 часот наутро, но спие многу во текот на денот – рече тој.

Малото куче воодушеви многу гледачи кои го погледнаа видеото.