Куќата во која имало четири деца била во пламен, а овој млад човек направил нешто за што сите зборуваат

Гореше куќата во која имаше четири деца, а младиот доставувач на пица Ник Бостиќ направи херојско дело за кое сите зборуваат. Дваесет и петгодишното американско доставувач на пица Николас Бостиќ влета во куќа која беше зафатена од пожар и спаси четири деца. Овој храбар потфат го снимила камера на пожарникарска униформа.




Пожарот се случил во градот Лафајет во државата Луизијана. Имено, се претпоставува дека Бостиќ во моментот на несреќата бил на работа. Ја повикал итната помош и противпожарната служба кога во 00:30 часот се нашол на местото на пожарот, по што влетал во куќата и наишол на четири деца.




Тој ги предупредил тројцата кои сами излегле од куќата, но морал да му помогне на четвртото дете пишува Дејли Мејл . Во моментов се истражува причината за пожарот, а помош побарал неговиот братучед. Сепак, видеото од спасувањето стана вирално, луѓето почнаа да го споделуваат на социјалните мрежи. Бостик стана легенда.




„Нереално, вистински херој“, „Му посакувам се најдобро“, многумина ја истакнаа неговата хуманост во коментарите. Некои коментираа и за тоа колку мала плата зема за работата што ја работи. „Особено кога ќе земете во предвид дека на многу возачи за достава им се плаќа помалку од минималната плата поради бакшиш“, напиша еден корисник во коментарите.




Бостиќ, кој моментално лежи без свест во болница, практично преку ноќ стана херој. Многумина апелираат до надлежните органи во Владата на младото момче да му ја пружат сета потребна грижа.
25 yo pizza delivery man runs into burning house, saves four children who tell him another might be in the house. He goes back in, finds the girl, jumps out a window with her & carries her to a cop who captures the moment on bodycam.
LEGENDhttps://t.co/tcCRDq5tw6 pic.twitter.com/7beJID66e8
— Captain Jim James (@JimJame74888138) July 19, 2022