Куќата од филмот „Сам дома“ може да се изнајми за една ноќ

Куќата од познатиот филм „Сам дома“ е достапна за изнајмување овој декември преку Airbnb, јавува Anadolu Agency (AA).




Во Чикаго се наоѓа куќата во која Кевин Мекалистер помина незаборавен Божиќ откако остатокот од семејството долета во Париз без него. Сега може да се изнајми за една ноќ. „Сам дома“ е мојот омилен божиќен филм.




Домот на семејството Мекалистер е изграден во 1920 година во предградијата на Чикаго, Винетка.