Лекарите им забраниле да бидат заедно: Најискрената љубовна приказна до последен здив! (ВИДЕО)

Животот понекогаш пишува драми кои можеме да ги очекуваме само на филм. Овој пар кој неодамна почина, бил смртно болен, но и вљубен. И двајцата имаа само 26 години, а нивната љубов беше посилна од болеста, тешкиот живот што го водеа, па дури и смртта. Кога Кејти го запознала Далтон на Фејсбук, и двајцата имаа 18 години и боледуваа од цистична фиброза. Кејти не се двоумела да започне врска со Далтон и покрај предупредувањата дека може уште повеќе да се разболи.

Кејти и Далтон Прагер се венчаа во 2011 година. Беа исклучително среќни и заедно ги поминаа најубавите моменти во животот, иако тоа траеше само 6 години. Им било дозволено да комуницираат само преку мобилните телефони, бидејќи лекарите ги предупредиле на можна инфекција. Сепак, Кејти рече дека апсолутно не се кае за нивната врска: Повеќе би сакала да живеам само пет години и да сакам некого и да бидам потполно среќна, отколку да бидам сама дваесет години, ќе го сакам до последен здив, без разлика што ќе ми кажат семејството и сите доктори“, рекла очајната Кејти.

Далтон почина на 17 септември, а Кејти не можеше да биде со него бидејќи и самата беше премногу болна и лежеше во својот дом во Флемсбург, Кентаки. Последен пат се видоа во јули, на петгодишнината од бракот. Кејти живеела само 5 дена подолго од нејзиниот сопруг. Иако сите беа уништени од нивната смрт, нејзината мајка рече: „Верувам дека Далтон спасил место до него за својата сопруга!

Кога Далтон почина, Кејти на својот Фејсбук напиша: „Далтон долго време се бори со цистична фиброза. Тој беше храбар борец, а зборот „откажи“ го немаше во неговиот речник“. Срцето на мајка му беше скршено. Таа на неговиот некролог напишала: „Тоа е тоа. Ова е последен пат кога ти го погалив челото и го допрев твоето совршено лице“. И тогаш се случи нешто уште полошо.

Кејти почина мирно на 22 септември, 5 дена по смртта на Далтон. По сопствена желба последните денови ги поминала со семејството, мајката, таткото, братот и нејзините кучиња кои ги обожавала. Знам дека Далтон ја пречека со раширени раце! рече нејзината мајка. Причината за смртта и во двата случаи се компликации поради развој на цистична фиброза. Во случајот на Кејт, проблем беше и трансплантацијата на белите дробови. Некако знаеше дека е нејзината последна сабота дома, но не се плашеше, Далтон и даваше сила.

Нема потрогателна приказна од онаа на Катина и Далтон. Во најлошите моменти на страдање си даваа сила и се охрабруваа да се соочат со неизбежната смрт. Иако нивните семејства се скршени, нивните физички маки завршија, а тие двајца сега се на подобро место, каде што можат засекогаш да бидат заедно!

Да беше напишана книга за нивните животи, таа ќе завршеше со реченицата: „Тие беа засекогаш среќни, прегрнувајќи се цела вечност“, рекла Кејти во една прилика.

Приказната на Кејт и Далтон беше драматизирана во филмот „Виновни се ѕвездите“. Околностите под кои тие двајца се запознале и нивната врска имаат големи сличности со главните актери на овој филм.