Лекарите му дадоа 8 месеци живот, а во август ќе ја придружува ќерка си до олтарот

Шон Гинис (60) од Харогејт долги години се бори со меланомот, а лекарите му дадоа само осум месеци живот. Сега пристигнува добра вест – се подготвува да ја придружува ќерка си до олтарот, и вели дека се чувствува како најсреќниот човек на светот. Тој рече дека неговите здравствени проблеми започнале кога забележал дека бенка на ногата му крвари.

На Шон му беше дијагностициран меланом во 2011 година, но лекарите успешно го отстранија со операција, пишува Би-Би-Си. Кажаа дека има многу мали шанси болеста да се врати. Некое време подоцна почнал да чувствува болка – а подоцна било потврдено дека болеста му се вратила.
Хирургот тогаш му ја соопшти драматичната вест – му останаа само уште осум месеци живот.

Потоа му беше препорачана имунотерапија и му беа дадени лекови, вклучително и ниволумаб и ипилимум, за да му помогнат на неговиот имунолошки систем да ги убие клетките на ракот. По успешното лекување, Гинис сега е дел од програмата на Универзитетот во Оксфорд која ги проучува причините и третманот на меланомот.

Неговата ќерка се мажи следниот месец – во август. „Мислам дека нема зборови во англискиот јазик што го опишуваат чувството на благодарност“, изјави Шон.