Лекарите рекоа дека никогаш нема да може да оди, но таа ги победи сите црни прогнози

Девојка со церебрална парализа од Сиднеј ја надминала лекарската прогноза со тоа што почнала сама да оди. Нејзината приказна инспирира илјадници луѓе да гледаат на животот поинаку. Шестгодишната Изабела има спастична диплегија , која е форма на церебрална парализа со поизразена спастичност на долните екстремитети. Тоа значи дека на девојката и е потребна инвалидска количка, шетач или нечија помош за да може да се движи.

Додека ги прави првите чекори, таа вели: „Малку е страшно и возбудливо во исто време“. Изабела додава: „Наскоро сакам да одам сама за мајка ми воопшто да не ме допира“. Во декември 2016 година, нејзините родители ја однеле во САД на контроверзна операција наречена Селективна дорзална ризотомија (SDR), во која хирург пресекол делови од абнормални нерви кои ги поврзуваат мускулите со ‘рбетниот мозок, а сечење на тие сигнали може да ги релаксира мускулите.

По оваа напорна и тешка операција, ѝ требаа 3 месеци да се опорави, по што започна со физиотерапија и хидротерапија за да ги репрограмира моделите на движење на мускулите и да создаде сила. Изабела се движела со помош на стапови во декември 2017 година, на петгодишна возраст, возела и модифициран велосипед и трчала со својот шетач. Но, во 2018 година, Изабела беше подложена на терапија со матични клетки во Мексико, интензивна физикална терапија во Тексас и неколку физички терапии во Сиднеј, за да може да стои, сама да направи 55 чекори во базенот и да оди неколку чекори сама со нечии помош.

Состојбата од ден на ден се подобрува. Ова девојче со церебрална парализа надмина уште една пречка во 2018 година кога тргна на училиште. Карен Роуз, нејзината учителка во градинка, рече: „Она што е навистина посебно за Изабел е фактот што таа навистина работи на нешто, не се откажува, никогаш не се жали и само продолжува“.

Семејството на Изабела планира да објави документарен филм за нејзиното патување, да отвори фондација и исто така да ги измени донираните велосипеди што сакаат да ги донираат на други деца со церебрална парализа.

Г-дин Ломбардо рече: „За жал, велосипедите за деца со посебни потреби се екстремно скапи за семејството затоа што веќе имаме доволно трошоци, а тие можат да чинат и повеќе од 2.000 долари“.Тие планираат да донираат 20 велосипеди на децата со посебни потреби ширум светот со тоа што ќе ги модифицираат за да бидат соодветни за деца со церебрална парализа.
Го повикуваме Божјиот благослов за ова семејство и за неговото понатамошно закрепнување.