Луѓето со НАДПРОСЕЧНА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ги имаат овие ПЕТ навики – проверете дали сте вие еден од нив!

Тестовите за интелигенција не се единствениот начин да се утврди колку сте паметни. Некои навики можат да откријат дека сте попаметни отколку што мислите, бидејќи се карактеристични за натпросечно интелигентните.




Не плашете се да поставувате прашања Паметните луѓе ретко прифаќаат дека нешто е така, без да прашаат зошто. Најчесто оние кои не сакаат да размислуваат го прифаќаат без дискусија тоа што им го кажуваат другите, бидејќи поставувањето на прашањето „зошто“ сепак бара повеќе „напрегање“. Значи, ако сте малку бунтовни, љубопитни и го преиспитувате светот околу вас, тоа дефинитивно е знак дека сте интелигентни.




Вие сте самокритични Нарцисоидните луѓе сакаат да ја проектираат својата реалност на други луѓе, не се чувствуваат виновни или се каат кога ги лажат другите дека се подобри во нешто отколку што навистина се. Од друга страна, интелигентните луѓе знаат да ги признаат своите маани, грешки и слабости. Наместо немилосрдно да се трудат да ги импресионираат другите со своите способности, тие се прилично скромни и самокритични, секогаш сакаат да бидат подобри.




Љубовни проекти Дали ви се допаѓа да работите на проекти кои вклучуваат правење нешто со свои раце, поправка на куќата, правење некои нови јадења …? Интелигентните луѓе сакаат секогаш да бидат зафатени со нешто. За нив не завршува денот кога ќе заврши смената на работа, туку уживаат во забавни проекти кои им помагаат да го подобрат своето знаење. Тие едноставно го „тренираат“ својот мозок секојдневно.




Не сте премногу средени Можеби тоа не е особина за пофалба, но малку неуредната соба или канцеларија може да биде знак за натпросечна интелигенција. Истражувањето било спроведено на Универзитетот во Минесота, во кое 48 учесници морале да смислат необична употреба на топче за пинг-понг, од кои 24 работеле во многу уредни простории и имале помалку креативни одговори од оние кои работеле во неуредни простории.




Немојте да мислите дека сте особено паметни Ова е таканаречениот Денинг-Кругер ефект, што значи дека луѓето кои имаат ниско ниво на компетенции ги преценуваат своите способности, додека висококомпетентните луѓе имаат тенденција да се потценуваат себеси.




Причината за тоа е што разбираат колкав простор има за напредок, за учење нови работи, поради што никогаш не се целосно задоволни со своето сегашно знаење. Секогаш се гладни за нови информации, знаење.