Маж (102) организирал лажна венчавка за да докаже дека е се уште жив

Индиец над сто години се појавил во матичната служба во свечена облека во придружба на свадбената веселба. Причината е што тој ќе им докаже на властите кои престанале да му ја исплатат пензијата дека се уште е жив. Многу сум жив – извика Дули Чанд (Чанд), 102 години, во матичната служба, објавија локалните медиуми.




Лажна свадба
Во март престанаа да ми ја исплаќаат старосната пензија бидејќи во евиденцијата на индиските власти стои дека сум починал. Оттогаш залудно се обидувам да докажам дека сум жив – рекол Чанд.




Социјалниот работник Невен Џаихинд (Навин) бил еден од учесниците во лажната свадбена поворка и објаснил дека одговорил на поканата за венчавката за да му помогне на Чанд.




Досега стапивме во контакт со неколку владини канцеларии, па дури и организиравме прес-конференција, но досега се беше залудно – рече тој. Тогаш помисливме да организираме свадбена поворка за да го свртиме вниманието на јавноста кон проблемот на Чанд – изјави Џаихинд.




Откако на социјалните мрежи се рашири лажното видео од свадбата, социјалниот работник доби неколку телефонски повици од луѓе кои се нашле во слична ситуација со тврдоглавата индиска администрација.
102 year old man Duli Chand in Haryana's Rohtak who was declared dead in govt records and his pension was stopped. Today he came out on the roads to prove he is alive. @ndtv pic.twitter.com/PwfJ5ypf6r
— Mohammad Ghazali (@ghazalimohammad) September 8, 2022