Мака ми е од сиромаштијава тука, гледам дека мојата омилена блуза чини 500 денари и си размислувам…

Мака ми е од сиромаштијава тука, гледам дека мојата омилена блуза чини 500 денари и си размислувам…

Мака ми е од сиромаштијава тука, кога гледам дека некоја блуза која многу ми се допаѓа чини 500 денари, ни на крај памет не ми текнува да ја купам бидејќи тоа е речиси целата дневна која ја заработувам, а истата дневница ја заработуваат и моите, просечно семејство.

За чевли кои чинат 2.000 денари или нешто повеќе, да не разговарам. Без разлика колку се борам и обидувам да испливам од целата оваа ситуација, едноставно не оди, тука само тапкаме во место.

Сето она што е основно, што треба да биде нормално и што секој човек би требало да може да си го дозволи, за мене е луксуз и недостижно. Очајна сум и се плашам што ќе се случува понатаму, посебно во ова време. Не сум љубоморна личност, но понекогаш се чудам како мои врсници успеваат да носат гардероба скапа неколку стотици евра, а јас буквално не можам да си дозволам шопинг понекогаш со месеци.