Малиот неуреден простор го претвори во вистински рај за живеење: Сите му се восхитуваат

37-годишниот Австриец го претвори малиот неуреден простор што го купи во Барселона во вистински рај за живеење. Крајниот резултат е неверојатен!

Овој Австриец докажа дека е вистина изреката „кога гостите не се лути, куќата не е тесна“. Тој успеа да си создаде вистински рај од релативно малиот простор на неговиот нов дом во Барселона.

Уверете се дека е потребна само малку креативност за да го направите вашиот дом практичен, но во исто време и удобен за живеење. Кога 37-годишниот Кристијан Шалерт од Австрија купил стан од 24 квадратни метри со поглед на покривите на Барселона, неговата мајка останала запрепастена.

Не само поради 100-те скалила што требаше да ги искачи за да стигне до него, туку и не планираше нејзиниот син да живее на толку мал простор.

Сепак, тој го претвори во нешто посебно…