Малото момче стана херој откако ги донираше органите и спаси 3 бебиња

Малото момче кое имаше само 16 месеци стана херој откако ги донираше своите органи. Одлуката ја донеле ожалостените родители откако лекарите констатирале дека неговиот мозок е мртов. Ова се случи во 2021 год но сеуште кружи по социјалните мрежи затоа што ова бебе е херој.




Семејството Санчез доживеа тешка сообраќајна несреќа во која беа повредени сите останати, особено нивниот мал син Лексус. Семејството доби голема поддршка и сите се опоравија. Освен малото момче.




Во 2021 год. момчето претрпе мозочна смрт, лекарите имаа само најлоша прогноза. Семејството било уништено, но морале да ја прифатат ситуацијата.




„Постојано баравме чудо за него. Но подоцна сфативме дека тој е чудото што го баравме. Тој е чудо за другите луѓе кои бараат чудо“, вели ожалостениот татко, мислејќи на оние кои се молеле за дарители на органи.




Еден дел од него ќе продолжи да живее“, додаде таткото.




Шестмесечно момче го доби срцето на Лексус. Црниот дроб го прими тримесечно девојче. Бубрезите ги прими еден возрасен. Луѓе кои им го должат животот на жртвите од ова семејство, но и на нивната несебична вера.