Математички проблем ги запали социјалните мрежи: Луѓето не можат да се договорат за решението. Дали го знаеш ти?

Наизглед едноставен математички проблем ги запали социјалните мрежи, луѓето се расправаа околу решението! Понекогаш она што изгледа како многу едноставна задача може да биде покомплицирано отколку што мислиме. Доказ за тоа е математичката задача која се прави и во одделенијата од основното училиште, но многумина не знаат решение.




На социјалните мрежи беше споделена задача која гласи: 60÷5 (7–5)=?, а луѓето се расправаа за две различни решенија. Ако ја внесете вака поставената задача во калкулаторот, тој прво ќе ја реши поделбата, па она што е во заградата и ќе го прикаже решението 24. Ако го решите според она што сте го научиле во училиште, т.е. според редоследот на математичките операции – множење, делење, собирање, одземање – редоследот ќе изгледа вака: 60÷5(7–5)=60÷5(2)=60÷10=6.




Двете можни решенија предизвикаа општа дискусија на социјалните мрежи и додека едни повеќе веруваат во дигитрони, други велат дека „решението не може да биде ништо друго освен 6“.




Што велите, кој е точниот резултат?