Мајката била загрижена дека нејзиното бебе може да ги вознемири патниците во авионот, а тоа што го направила ги воодушевило.

Требаше да биде лет од 10 часа и имаше многу патници. Еден од патниците беше 4-месечно бебе. Не е лесно да се грижиш за мало бебе од само неколку месеци. Особено е тешко кога патувате со бебе во друга земја. Грижата за мало дете може да доведе до непредвидливи настани, па родителите секогаш треба да бидат подготвени. Една млада мајка се подготви многу добро. Таа и нејзиното бебе беа на многу долг лет и мама беше загрижена дека нејзиното бебе може да ги вознемири другите патници и персоналот. Така таа сподели подароци кои ги стоплија срцата на сите.

Дејв Корона се подготвуваше за особено долг лет од Сеул, Јужна Кореја, до Сан Франциско, Америка. Би било нормално да се очекува нервоза од бебе, но она што Дејв не го очекувал е подарок од мајката на бебето. Тоа беше мала торбичка со корејски слатки и тампони за уши. Во исто време, имаше порака која ги стопли срцата на многумина на летот.

Пораката гласеше: “Здраво, јас сум Џон и имам само 4 месеци. Денес одам во Америка со мојата мајка и баба за да ја посетам мојата тетка. Малку сум нервозен и исплашен бидејќи ова е мојот прв лет со авион што значи можи ќе плачам или ќе бидам гласен. Ќе се потрудам да бидам тивок, но неможам да ви ветам. Немојте да ми замерите. Мојата мајка припреми мали поклони за вас. Ќе добиете слатки и слушалки за уши.Уживајте во летот. Ви благодарам 😊“

Патниците беа навистина изненадени. Не многу луѓе би се труделе толку многу да не ги вознемируваат другите. Дејв и останатите патници беа импресионирани. А Дејв исто така беше снимател на KGO-TV во Сан Франциско. Фотографираше подароци, порака и мајка која го држи своето бебе и сето тоа го сподели на Фејсбук. Објавата наиде на големо внимание, а многумина ја пофалија мајката што била толку внимателна.

Луѓето се прашуваа и дали на патниците им беа потребни слушалките за уши. Излезе дека не. Бебето беше многу добро и мирно во текот на целиот лет. Тоа не испушташе звук, што уште повеќе ги воодушеви.

Не е лесна задача да се направат над 200 подароци за странци. Оваа мајка навистина заслужува секоја пофалба.