Мајката го однела мобилниот на поправка. Она што го направил мајсторот и го промени животот

Како и повеќето постари, оваа мајка особено не го разбираше мобилниот телефон што неодамна го купи. По некое време мајката заклучила дека телефонот и е расипан.

Долго пешачела барајќи продавница што се занимава со тоа и нашла некој што ќе го поправи настанатиот дефект. Кога конечно ја нашла продавницата, било доцна и веќе биле затворени.

Следното утро мајката некако го нашла дуќанот и го нашла мајсторот. Погледнете господине мојот телефон изгледа не работи. Имам 2 сина и 1 ќерка но никој не ми се јавува, изгледа телефонот е расипан и затоа неможат да ме добијат на телефон. Тие живеат многу далеку и неможат да ме посетат па се слушавме само на телефон, но сега изгледа ми е расипан па не ѕвони.

Мајсторот на телефони го зел мобилниот и го разгледал што е проблемот. Но за жал по многу истражување на проблемот сватил дека телефонот нема никаков проблем. Но му паднало жал за бабата. Па му испратил на нејзините деца порака во која напишал: Вашата мајка дојде кај мене за да и го поправам телефонот мислеќи дека и е расипан, незнаеќи дека навистина вие не и се јавувате веќе подолго време.

И јас правев исто како вас и кога конечно еден ден најдов време за да и се јавам телефонот преѕвони и никој не се јави. Зедов карта и појдов да ја посетам, но за жал таа повеќе не беше помеѓу нас, починала. Ве молам не и го правете истото на вашата мајка затоа што еден ден ќе ја барате.

Брзо по тоа децата и дошле на мајката на посета и целата фамилија била повторно заедно.