МАЈКАТА ИМА ГЕНИЈАЛЕН ТРИК ЗА ДА ГИ СМИРИ ЌЕРКИТЕ ПРЕД СПИЕЊЕ

Сите кои имаат деца знаат колку е болно кога е време да си легнете. Но, оваа мајка ја откри тајната на мирните вечери.

Џесика Д’Ентремонт на своите две ќерки им купи пижами кои светат во темнина и се покажа дека тоа е еден од нејзините најдобри потези досега кога станува збор за смирување на ќерките во кревет.

Кога првпат ги видела, и изгледале убаво, а мислела дека на нејзините ќерки ќе им се допаднат светлечките пижами.

Секој возрасен знае дека облеката што свети во темнина мора прво да биде изложена на светлина за да свети во темнина. Но – децата не го знаат тоа.

Една вечер, ќерките на Џесика почнаа да се жалат дека нивните светлечки пижами не функционираат. Тогаш Џесика доби фантастична идеја.

Таа им рекла на своите ќерки дека тие пижами треба да се наполнат, а тоа би се случило само доколку девојките лежат во нив сосема мирно под извор на светлина.

Децата сосема мирни легнаа во спалната да ги наполнат пижамите. Не ни сфатија дека чекањето им даде шанса да се опуштат и да почнат да спијат. Штом пижамите се „наполнија“, Џесика го изгасна светлото, а девојките заспаа во длабок сон.

На Џесика вообичаено и треба многу време за да ги смири девојките и да ги заспие, но овој трик и ја купи целата слободна вечер. Се разбира, таа постојано го повторуваше цела недела и секоја вечер имаше шанса да одвои неколку часа за себе. Се чувствуваше како да открила струја или гравитација.

Џесика веднаш решила своето откритие да го сподели со други родители чии деца не можат мирно да спијат и започнала вистински тренд. Се чини дека производителите на светлечки пижами ќе имаат многу добра година.

Џесика се труди секој пат да успее нејзиниот трик. Цел ден се грижи пижамите да и бидат во темница за да мора да се „полнат“ навечер.

Секако, таа знае дека овој трик нема да работи засекогаш и дека нејзините ќерки на крајот ќе сфатат дека не мора да лежат мирно за да ги наполнат пижамите, но додека трае таа ужива во слободното време.