Мајката се изненадила кога видела како изгледаат нејзините близнаци

Стејси, 31-годишна Нигеријка, не знаела дека фотографиите од нејзините бебиња ќе го обиколат светот. Браќата Даниел и Дејвид се родени со разлика од една минута, и освен што ги имаат двете големи кафени очи, малкумина би погодиле дека се браќа. Нивните родители Стејси и Бабаџид, кои живеат во Лагос, признаваат дека нивните бебиња привлекуваат големо внимание кога излегуваат. Додека Даниел е со темен тен, Дејвид има светла кожа и сини локни.




Стејси одлучила да ги документира животите на своите бебиња на Инстаграм, а досега собрала 18.000 следбеници. „Не знаевме колку се различни за време на бременоста, ултразвукот не го покажува тоа, па бевме прилично изненадени кога Даниел се роди со темна коса, а Дејвид со златна коса. Ги родив со царски рез, а докторот се пошегува дека имам „неидентични близнаци“. Сестрите постојано доаѓаа да ги гледаат“, изјави Стејси за Bored Panda.




Покрај двата сина, тие ја имаат и петгодишната ќерка Демилада. Дејвид е роден со албинизам, генетска состојба која се јавува кај едно од 20.000 бебиња ширум светот. Албинизмот е наследна генетска состојба и се карактеризира со недостаток на пигментот меланин во кожата, косата и очите. Се јавува кај сите етнички и расни групи, а недостатокот на пигмент може да варира.




Во Нигерија, бројот на албино луѓе е невообичаено висок, но тие сè уште доживуваат дискриминација и злоупотреба. Стејси истакнува дека никогаш не слушнала грди коментари за своите деца и дека и двајцата ги сака подеднакво.