Мајка на три деца го победи ракот: Лекарите останаа воодушевени

На Емили Дамлер, мајка на три деца, во 2013 година и беше дијагностициран тежок облик на рак, кој го надмина со ретка терапија. Таа е една од трите луѓе во светот кои со ваква терапија се излечиле од раk. На Емили Дамлер (36), мајка на три деца од Канзас Сити, САД, животот се преврти наопаку кога во 2013 година и беше дијагностициран не-Хочкинов лимфом – форма на рак кој потекнува од белите крвни зрнца (лимфоцити), а тие дел од имунолошкиот систем на телото.




Потекнува од лимфниот систем и се шири низ телото. Лекарите и дадоа шест месеци живот бидејќи ниту една терапија не и помага. Се чувствував толку беспомошно. Престанав да купувам нова облека бидејќи не бев сигурна дали ќе имам време да ја носам. Престанав да планирам одмор со семејството затоа што не знаев што ќе се случи до летото, дали дотогаш воопшто ќе бидам жива. Во исто време, не сакав да губам надеж, а се чувствував толку немоќно – рекла таа.




Следеше чудо за оваа несреќна жена. Таа влезе во ново клиничко испитување наречено CAR-T терапија. Таа доби имунотерапија која спасува живот, во која лекарите користат крвни зрнца за да ги бараат и уништат клетките на ракот. Лекувањето било повеќе од успешно, симптомите на болеста се смириле и веќе две години е во ремисија. Таа е една од трите луѓе во светот на кои оваа терапија им помогнала.




И денес некако ми е чудно кога ќе помислам на фактот дека преживеав рак. Човек никогаш не мисли дека ќе добие рак, но се чини дека тоа им се случува само на другите. Немав никакви симптоми, ништо на што можев да се задржам – изјавила таа, а пренесува Дејли Меил. Таа додава дека еден ден забележала крв во столицата, а кога се јавила на својот лекар, тој и рекол веднаш да оди во болница. Таа не ја напуштила болницата 43 дена бидејќи нејзиниот имунолошки систем не произведувал доволно тромбоцити.




Лекарите и рекле дека нејзината здравствена состојба е многу сериозна и дека може да искрвари само од мала повреда. До 2015 година, таа беше подложена на серија тестови и терапии, вклучувајќи 50 трансфузии на крв, стероиди, отстранување на слезината, хемотерапија… Но, немаше помош. Тогаш докторот ѝ спомна клиничко тестирање и рече дека тоа е нејзината единствена шанса да преживее. Тоа беше спас за кој цврсто се држеше.




Таа беше подложена на некои тестови и стана соодветен кандидат за експериментален третман во Центарот за рак MD Anderson. Тие извадиле Т-клетки од нејзината крв, генетски ги модифицирале во лабораторија, ги умножиле во милиони копии и ги вратиле во нејзиниот крвоток. Преку генетска модификација, Т-клетките стануваат способни да ги препознаат клетките на ракот и да ги уништат. Рецепторите на нив бараат дури и канцерогени клетки кои можат да се сокријат од имунолошкиот систем во телото.




Лекарите оваа терапија ја нарекуваат „жив лек“ – трајно променети клетки кои продолжуваат да се размножуваат во телото, во еден вид војска обучена да се бори против болести. Откако ѝ беа вбризгани генетски модифицираните Т-клетки во крвотокот, Емили доживеа сериозни несакани ефекти, чувствувајќи се како да има лош грип. Таа разви висока температура, невротоксичност, низок крвен притисок и висок пулс.




Овие несакани ефекти траеле 36 часа, а лекарите не знаеле што да очекуваат бидејќи и за нив се било ново. По еден месец дошла во болница на преглед и открила дека е во ремисија. Лекарите веруваат дека ракот отишол во ремисија неколку дена откако ги вбризгале клетките во нејзиното тело. За нив тоа е чудо. Тие веруваат дека имунотерапијата може да биде иднината на лекувањето на ракот.




Денес Емили уште повеќе го цени секој миг поминат со своето семејство. Оваа статија првпат е објавена на 17 јуни 2019 година.