Мајка на 4 близнаци раскажува – Неделно трошиме 260 евра и 168 пелени

Џени Мер (36) од Тексас и нејзиниот сопруг Крис ја добиле долгоочекувана вест, односно дека ќе имаат деца уште пред година и пол. Оваа брачна двојка дознала дека по долги години борба, конечно ќе станат родители и тоа, ни помалку ни повеќе туку на четворка.

Во март 2020 година, се родиле четири момчиња: Хадсон, Харисон, Хенри и Харди.

„Имавме четири бебиња одеднаш за кои мораме да се грижиме“, изјавила Џени низ смеа.Како што вели, децата за помалку од една недела пијат речиси седум литри млеко, менуваат 168 пелени, а за храна даваат повеќе од 260 евра.

– Се трудам да им готвам, но понекогаш сум толку уморна и исцрпена што само загревам нешто замрзнато – признава оваа мајка и открива дека лекарите мислеле дека носи тројки до раѓањето:– Сега таа ситуација ми е смешна, но во тој момент јас и Крис за малку ќе се онесвестевме. Но, сепак бев среќна, бидејќи четири ми е омилен број – изјави Џени.