Мајка на 50 години: „ЗНАЕВ ДЕКА ЕДЕН ДЕН ЌЕ СТАНАМ МАЈКА

Сузи Трокслер отсекогаш сакала да биде мајка. Сега, на 50 години, таа успеа да стане. Таа го роди своето прво дете, девојчето по име Лили, на 29 септември во Северна Каролина. „Беше нереално. Ние веќе не сме само маж и жена, ние сме мама и тато“, изјави Сузи Трокслер во соопштението за медиумите од болницата.

Таа и нејзиниот сопруг Тони (61) се венчале во 2008 година и неколку пати се обидувале да добијат дете по природен пат. Но, не можеле. Пред само две години се одлучиле за ин витро оплодување.По неколку неуспешни обиди, пристигна пандемијата на коронавирус и многу клиники за ин витро оплодување беа привремено затворени.

Но, на 1 февруари, таа одлучила да се обиде повторно и тоа вродило со успех. „Еве ја Лили. Тоа беше патување за цел живот”, вели 50-годишната мајка.

Поради возраста, бременоста била ризична, но поминала без никакви тешкотии. Американскиот колеџ за акушери и гинеколози пишува дека „жените кои забремениле подоцна во животот имаат поголем ризик од компликации вклучувајќи прееклампсија и други здравствени проблеми“.

Сепак, желбата да стане мајка била поголема од нејзината грижа за сопственото здравје. „Знаев дека еден ден ќе станам мајка. Не знаев како тоа ќе се случи, природно, преку процесот на ин витро оплодување или посвојување. Но знаев дека ќе станеме родители. Не сакавме да се откажеме. Имавме верба во тоа, сонувавме “, додаде Сузи Трокслер