Мајка патувала во авион со својата болна ќерка, а она што го доживеала од патник ја расплакала

Мајка и нејзината тешко болна 11-месечна ќерка патувале со авион, а она што го доживеале од еден патник ја расплакало мајката. Мајката и нејзината ќерка, кои патувале со апарати за асистирано дишење, имале можност да патуваат во бизнис класа со авион бидејќи еден добар човек се откажал од своето место во нивна корист. Келси Цвик ја сподели својата слика на Фејсбук , додека таа и нејзината 11-месечна ќерка седеа во бизнис класата на Американ Ерлајнс на летот од Орландо до Филаделфија, каде што ќерката треба да се лекува во детска болница.

„На човекот кој имаше резервирано 2D седиште, му велам: Денес патуваме од Орландо за Филаделфија. Не те познавам, но верувам дека некаде не виде. Туркав количка, имав патна торба и носев респиратор за ќерка ми“, напиша Цвик на Фејсбук. Откако удобно се сместила покрај прозорецот, Цвик рече дека била преплавена од емоции кога дознала дека таа и нејзината ќерка се сместени во бизнис класа.

„Не можев да ги сокријам солзите, плачев цел пат додека мојата мала ќерка Луси се смееше. Не можев да ви се заблагодарам бидејќи сменивме седишта“, напиша Цвик. Цвик не успеа да го запознае човекот во живо пред да полета авионот, но таа му се заблагодари преку објава на Фејсбук .

Таа подоцна изјави за Yahoo дека некој го контактирал човекот откако видел објава на Фејсбук. „Не е важно седиштето во кое бевме, туку фактот дека некој нè забележал нас двајцата. Овој чин на љубезност секогаш ме убедува дека сè уште има добри луѓе на овој свет“, рече Цвик.