Мајка родила близнаци, едното дете црно, а другото бело – Погледнете како тие изгледаат

Оваа мајка доби близнаци и беше целосно изненадена кога ги виде за прв пат. Во тие моменти сите внимателно гледаат во бебињата и размислуваа дали повеќе личат на мама или на тато. Можеби носот на бебето личи на тато, а очите на мама.

Џудит Нвокоча била многу среќна кога дознала дека носи близнаци бидејќи имала проблем да забремени. После 2 обиди за вештачко оплодување, таа конечно доби шанса да стане мајка. За жал, бременоста се искомплицирала во 37-та недела и таа морала да се породи со царски рез.

Таа родила момче и девојче и им ги дала имињата Камси и Качи. Девојчето беше двојно помало од момчето и тоа не беше единствената необична работа кај неа. Бојата на кожата и беше бела, што е многу чудно бидејќи Џудит е Афроамериканка. Мислела дека нејзиното девојче е бело, но подоцна дознала дека всушност е албино.

Постојано и вели дека е убава и дека никогаш не би сакала да изгледа поинаку, а вели дека знае дека е многу важно да ги едуцира децата да ги сакаат сите луѓе и покрај сите нивни разлики.