Мајка суперхерој:Погледнете ја нејзината техника на пресоблекување 4 бебиња истовремено! (ВИДЕО)

Кори Лин Вајт е мајка на двегодишната Емили и осуммесечните тројки Оливија, Џексон и Леви.




Кога нејзиното семејство порасна од три на шест, работите станаа покомплицирани, но оваа мајка лесно се справува со сите слатки проблеми.




Нејзиниот сопруг Ден вели дека бил многу изненаден кога природно добиле тројки, а после тоа решиле да создадат блог наречен „The Baby Gang“ и да ги споделат своите неверојатни приказни со другите родители.




Во четвртокот, тие објавија видео на кое им покажаа на нивните следбеници дел од обичниот ден со четири мали деца и сите огромни тешкотии што тоа ги носи.




Над половина милион лајкови се доказ дека стручните вештини на оваа мајка на четири деца потполно ги воодушевиле сите, а нејзината техника да менува четири бебиња во исто време е за восхит.