МАЈКИТЕ НА КРИТИКА: Какви се тие мајки што одат по кафани?

Честа мета на критики се мајките кои водат сметка за себе. Некои луѓе мислат дека имаат право да навлегуваат во туѓата приватност и да коментираат и осудуваат туѓи постапки, а притоа не ни знаат каков живот живее таа личност, ниту пак знаат зошто таа го прави тоа што го прави.Ова се најчестите коментари наменети за младите мајки:

Прашања/ Озборувања: „Каква е таа мајка што оди на кафе со другарките?
Одговор: Мајка. Жена. Личност. Обична смртничка. Човек.

Прашања/ Озборувања: Каква е таа мајка што вежба?
Одговор: Мајка која знае дека мора да биде среќна и задоволна, за и семејството да и биде среќно и задоволно.

Прашања/ Озборувања: Каква е таа мајка која понекогаш оди и во кафана?
Одговор: Мајка која знае дека не е здраво да се биде роб.

Прашања/ Озборувања: Каква е таа мајка која може да издржи повеќе од една минута без своето чедо?
Одговор: Затоа што кога мама е среќна, среќно е и целото семејство!