Мајчиното млеко целосно се сменило откако бебето добило треска – што значи тоа?

Мајките кои дојат знаат дека млекото може да ја промени бојата. Првото млеко што го произведува вашето тело е претежно портокалово или жолто бидејќи е полно со хранливи материи. Млекото ја менува бојата кога мајките јадат одредена храна, особено ако е обоена. Тоа значи дека не е невообичаено млекото да ја менува бојата. Но, тоа е многу пософистицирано – плунката од устата на бебето преку млекото му укажува на телото на мајката кога на бебето му се потребни одредени антитела.

Една мајка, Ешли Чејс, неодамна се уверила во тоа. Кога нејзината ќерка Елиот добила треска, Ешли продолжила да ја дои. Набрзо забележала промена во бојата на млекото. Додека Елиот беше здравa, млекото беше со вообичаена бела боја, но кога Елиот се разболе млекото пожолте. Ешли била загрижена бидејќи промената на бојата била навистина голема, па отишла на лекар за совет. Тогаш дознала колку е прекрасно мајчиното млеко.

Нејзиното тело препознало дека Елиот е болна и дека ѝ се потребни антитела за да се бори против болеста, а со тоа го променила составот на млекото. Жолтото млеко беше многу похранливо. Во исто време, ако самата мајка се разболи, нејзиното млеко ќе се смени за да се заштити бебето од истата болест. Ова е само еден од показателите за чудото на женските тела. Секако, ако мајката не дои, тоа не значи дека не може правилно да му помогне на своето дете.

Не само што децата си го зајакнуваат имунитетот играјќи во кал, лижејќи се што ќе наидат и ставаат работи во уста, туку и мајките го зајакнуваат имунитетот со споделување добри бактерии преку гушкање и бакнување на нивните деца.

Да, мајките се навистина фантастични суштества.