Можат да преживеат 13 минути под вода: Ова племе е чудо на еволуцијата

Необичното племе Бајао ги фасцинира сите ширум светот поради нивниот начин на живот. Племето Бајао, кое живее во Југоисточна Азија, најмногу ја населува областа Сулсуки Море недалеку од Филипините, односно водите околу Сулавеси и Борнео. Заслужува посебно внимание на луѓето ширум светот поради неговиот специфичен начин на живот, што во најмала рака е невообичаено.




Имено, тие се специфични по тоа што можат да останат под вода дури 13 минути, како и да нурнат на длабочина од 70 метри. Сепак, научниците имаат логично објаснување за сето ова.
Тие истакнуваат дека луѓето од племето Бајао имаат големи органи како резултат на адаптациите кои постепено се подобруваат од година во година. Приспособувајќи се кон условите на околината, тие успеаја во она што никој од луѓето не успеа да го направи.




Припадниците на ова племе не се класично образовани, не знаат да читаат и пишуваат, но го познаваат океанот како дланка. Се верува дека тоа е една од причините зошто го преживеале големото цунами во Индискиот океан во 2004 година – без жртви. Племето Бајао не припаѓа на ниту една држава, немаат своја валута и не веруваат во броењето на времето. За нив годините не се важни, важно е да се живее во сегашноста.




Научниците велат дека луѓето од Бајао имаат многу големи органи, што е резултат на генетски мутации, кои им овозможуваат толку долго да останат под вода. На пример, нивната слезина е 50 проценти поголема од онаа на обичните луѓе и тие еволуирале за да преживеат под вода. Тие живеат во куќи на вода, а некои експерти ги нарекуваат „странци на земјата“.




Сепак, најновите истражувања покажуваат дека ова племе полека исчезнува, и дека постои можност некогаш во иднина да се откажат од животот на водата.