Момчето бега од кревет навечер и оди да спие со своето куче (ВИДЕО)

Момчето по име Фин многу го сака своето куче Брутус, толку многу што не може да спие без него. Толку многу што буквално спие врз него, исто како на перница.

Кучето, инаку, спие покрај креветот на малото момче, но Фин, изгледа, не сакал тој да спие сам, па решил да му се придружи.

„Една ноќ отидов да го проверам Фин и го видов свиткан зад Брутус на кучешкиот кревет“, изјави Пеж, мајката на момчето, за Додо.

„И секоја вечер после тоа ги наоѓав заедно или во креветот на Фин, или на подот или во кучешкиот кревет. Фин беше во лулка до мај. Брутус секогаш спиеше пред лулката, на подот“, додаде таа.

Во детската соба била поставена камера за да знаат што прави момчето навечер и го снимила Фин како се сместува во креветот на своето куче.

Брутус е многу мирен и навистина трпелив“, рече Пеж. Фин, вели неговата мајка, спие во различни необични пози, па не е ни чудо што го фрлаше и се вртеше по креветот на Брутос додека не ја најде вистинската положба.

„Мислам дека Брутус знаеше дека еден ден Фин ќе најде удобна положба за него, па само лежеше и го чекаше тој момент“, вели мајката.

Брутус го следи Фин во која соба и да оди и тие сакаат да поминуваат време заедно.

Тие се најдобри пријатели, секогаш се заедно“, изјави Пеж.