Момчето го уништило станот бидејќи родителите му го одзеле мобилниот телефон

Така родителите во еден град во САД за малку ќе доживеале нервен слом кога се вратиле од работа откако му го одзеле мобилниот телефон на 12-годишниот син.

На видеото кое го објави мајката на момчето се гледа дека станот им е целосно уништен.

Во бес, момчето кршело се низ куќата, буквално нема ништо што не скршило, од огледала, лаптопи, до фрижидери и кревети.