Мојата свекрва се однесува како таа да се омажила за својот син(мојот сопруг), а потоа се замеша и мојот сопруг

Невестата ја сподели приказната за тоа како нејзината свекрва му направила нов венчален прстен на синот бидејќи не и се допаднал оној што брачниот пар го избрал пред венчавката. Почнав да разбирам дека мојата свекрва би сакала таа да биде таа што се омажила за мојот сопруг – ја започнала својата исповед оваа девојка на сајтот Редит: Пред да се венчаме, таа побара да види какви венчални прстени одбравме. Со задоволство и покажавме.

Успеав да набавам делови од бурињата од првата пиварница што заедно ја посетивме, му ги дадов на златарот со чија работа бев опседната со години, за да ги вгради во нашите бурми. Сепак, неговата мајка воопшто не била воодушевена од изборот, па решила да се вклучи и да обезбеди бурма за својот син. Оваа одлука прилично ја вознемири невестата. Свекрва ми пред неколку недели го праша сопругот која големина прстен му одговара, тој ѝ одговори и продолжи по патот.

Кога се вратив дома од работа, најдов мало пакетче за мојот сопруг. Бидејќи не порача ништо, мислевме дека е доцен свадбен подарок. Кога го отворил пакетот, најдов порака од мајка му и прстен за маж. А пораката гласеше: Го видов овој прстен и помислив на тебе – напишала свекрвата и додала: – Мислам дека многу повеќе ти прилега на стилот отколку бурмата што ја имаш.

Двојката се договорила прстенот да и биде вратен на мајката. Сепак, тоа не беше крајот на приказната. Следниот пат кога отидовме кај неа, навистина не сакав да зборувам за тоа колку е непримерно тоа што го направи во врска со нашите бурми – открива невестата во својата исповед. Меѓутоа, свекрвата прашала зошто и го вратиле пакетот, поради што синот и објаснил зошто нејзината процедура е проблематична.

Тој ѝ објасни зошто ни се важни бурмите и колку ни значат и дека навистина не му е грижа што мисли таа за тоа. Тој исто така ја предупредил да не прави никаков сличен потег во иднина.