Му пријде на расплакано момче со аутизам и тоа што го направи го расплака светот

Првиот училишен ден е голема работа и може да биде „малку премногу“ за секое дете. Родителите се обидуваат да ги научат своите деца како да сочувствуваат со другите, но на крајот на нив останува да донесат добри одлуки кога станува збор за нивната интеракција со другите луѓе.

Една мајка успеа да го направи тоа. Кристијан Мур (8) неодамна покажа колку е добар кога се спријателил со момче со аутизам на првиот училишен ден. Првиот училишен ден е голема работа и може да биде „малку премногу“ за секое дете. За Конор Кријтс (8), кој започнува второ одделение во основно училиште во Канзас, првиот училишен ден навистина бил „малку премногу“ и тој почнал да плаче.

Тогаш Кристијан му ја зеде раката за да му биде пријател и да му помогне да се чувствува подобро. Мајката на Кристијан ја направи слатката слика и ја објави на Фејсбук заедно со приказната. Кортни Коко Мур во објава на Фејсбук напиша дека е горда на својот син.

Нејзината објава стана вирален хит, а мајката и бабата на Конор исто така се огласија со коментарите за да споделат колку им значи тој гест. Мајката на Конор, Ејприл, објаснила дека нејзиниот син има аутизам и дека често се грижи дека ќе биде малтретиран затоа што е различен, но поради гестот на Кристијан помалку се плаши за својот син.

„Тоа е се што можам да побарам, некој да биде таков. Многу сум среќна што од сето тоа произлезе нешто толку позитивно, што син ми се дружеше, се надевам на живот“, изјави Ејприл, а нејзината објава расплака многумина на бројни социјални мрежи.