Му родила дете на бездомникот кој го сретнала пред продавница – Необична љубовна приказна ги освои социјалните мрежи, докажува дека се е возможно во животот

Девојката основала семејство со бездомник кој го запознала пред продавница, што во ерата на апликациите за запознавање стана сосема необично. Имено, Јасмин излегувала од супермаркетот, а бездомникот се понудил да и помогне и да и ги носи чантите. Таа му понудила пари, но мажот одбил и ја замолил да и помогне со тоа што ќе и ги однеси кесите.

Јасмин и Меколи Марчи на крајот се венчаа и добија две деца. Нивната љубовна приказна стана хит на социјалните мрежи, особено на TikTok.
Еден ден сретнав бездомник до продавницата. Му понудив пари, но тој не сакаше да прифати. Влегов во супермаркет да набавам намирници, но не можев да престанам да мислам на него. Излегов надвор и го прашав дали сè уште можам да му помогнам некако, но тој рече не. Ме праша дали ми треба помош при носењето на торбата до таксито што ме чекаше. Реков „да“. Го прашав дали сака да му донесам нешто за јадење. Нему му беше непријатно, но сепак одговори потврдно, па заедно излеговме на вечера – изјави Јасмин за „Дејли стар“.

Тврди дека долго разговарале за неговиот живот. Јасмина решила да му купи мобилен телефон за да останат во контакт. Благодарен што Јасмин му покажа толкава дарежливост, Меколи и напиша порака: „Ми го разубави денот, многу ти благодарам за се, неверојатна си.

@jazandmac1 🤍my lover xxxx#foryoupage #homeless ♬ original sound – Cheyenne 🪐


Не можам да престанам да мислам на тебе“. Таа му одговорила: „Не мора да ми се заблагодаруваш, не можам ни јас да те извадам од глава“. Тогаш Јасмин го праша дали може да го однесе на ручек. Повторно излегле заедно и после ручекот завршиле кај неа.

Му донесов нова облека и му реков дека може да преноќи, но на крајот остана многу подолго од една ноќ. Веднаш се заљубивме. Знаев дека тој е вистинскиот човек за мене. Беше толку добар и фин – вели Јасмин. Му купив нова облека, си ги среди забите и се избричи и најде многу добра работа. Оттогаш не сме разделени – рече таа.

Тие ја споделија својата приказна на TikTok, добија многу позитивни коментари и поддршка. „Убаво“, „Ти си вистински ангел, двајцата сте прекрасни и се заслужувате еден со друг“, „Плачам“ се само дел од прекрасните коментари кои ги доби оваа двојка. Тие се верија, а потоа се венчаа и добија две деца.