Наместо да казни жени кои краделе од маркет, НАПРАВИЛ ДЕЛО ЗА КОЕ ЦЕЛ СВЕТ ЗБОРУВА

Наместо да казни две жени кои краделе намирници во супермаркет, полицаец од Масачусетс направил многу неочекуван, и за многумина хуман гест.

Имено, полицаецот Мет Лима добил повик од супермаркетот „Stop & Shop“ во кој му било кажано дека две жени биле снимени на камера кои криеле намирници во торбите што не ги пријавиле на каса. Жените кои со себе понеле две мали деца и биле запрени набргу по излегувањето од продавницата. Полицаецот Лима има и две девојчиња на слична возраст, па затоа му било непријатно што морал да ги казни двете жени.

За да не слушнат децата ништо за тоа што се случува, тој повикал една од жените од страна и прашал што се случило. Таа му објаснила дека е вработена, но дека нејзината пријателка, мајка на децата, нема работа и има други семејни проблеми.

„Таа само сакаше да земе нешто за децата за Божиќна вечера“, изјавил полицаецот Лима за Си-Ен-Ен.

Кога ги проверил нивните торби, се уверил дека има само храна. Тој сфатил дека на ова семејство му треба помош и наместо да ги казни, им напишал предупредување на двете жени, а потоа им купил картички за друг маркет за да можат да ги набават потребните намирници.

Оваа реакција на полицаецот Лима предизвика бројни пофалби на социјалните мрежи.