Ѕвонко и Ивана Ракариќ од селото Раковац близу Нови Сад, самите направиле печка на која го греат својот дом, т.н. „ракетна печка”! Направена е од цигли, песок, глина и земја, а ги чинела помалку од 100 евра.

Печката изгледа како оние од празничните честитки. На оваа печка може да се седи, да се готви, да се загрее домот! Ивана е дипломиран архитектонски инженер и се занимава со истражување на природни начини за градење.

Нејзиниот сопруг, Ѕвонко, е машински инженер и доктор по технички науки. Тие со своите две деца, Никола и Емилија живеат во селото Раковац, во близината на Фрушка Гора, на само 13 километри од Нови Сад. Ѕвонко вели дека ракетните печки, се всушност уред за заштеда на гориво, а името го имаат добиено во 70-тите години кога се развивала ракетната технологија. Меѓутоа, принципот на функционирање е познат илјадници години! Причината поради која овој вид на печки не бил развиван до сега е масовното користење на печки на природен гас, струја или нафта.

Овој вид на печки името го добил по своето ложиште, „ракетниот лакт” кој изгледа потполно различно од другите видови на печки. Тој се прави така што ќе биде потполно изолиран од околината.

Тој е во форма на тесна и околу еден метар долга цевка која се прекршувва во вид на лакт.

Овој начин на ложење овозможува максимално искористување на горивото, со оглед на тоа што во него се развива значително повисока температура отколку во обичните ложишта.

Од друга страна пак, ваквиот вид на ложиште може да ја пренесе својата топлина и на импровизирана клупа под која се собира топлината. Ефектот на овој вид на ложење е еднаков на ефектот кој го постигнува оџак висок 30 метри.

Семејството Ракариќ печката ја направиле на почетокот на грејната сезонаи ја користат за загревање на кујна, дневна соба, претсобје и купатило. Според нив, за да се направи оваа печка се потребни околу 6.000 денари.