Направила ДНК тест и тогаш се се променило – Дознала дека има над 50 браќа и сестри

Една Тиктокерка сподели необична приказна за нејзиното семејство. Според „The Sun“, девојката направила ДНК тестирање во 2018 година со цел да открие во кои земји се нејзините корени. Резултатите покажале дека таа не е стопроцентна Италијанка како што мислела, но и некои други шокантни работи. Непозната жена ја контактирала и рекла дека се сомнева дека нејзината ќерка и Изи се сестри бидејќи тестовите се поклопиле.

Изи била збунета и само накратко одговорила дека не знае за кого се работи. Жената потоа ја прашала дали дошла на светот со помош на донатор на сперма – и таму почнала да ја фаќа паника. Сфатив дека имам сестра“, изјави Изи Тиктокерка објаснила дека има две мајки кои користеле донатор на сперма за да добијат дете, таа, а потоа новооткриената полусестра ја известила за други жени кои користеле ист донатор и на тој начин и дала до знаење дека таа не и е единствена сестра.

На приватна група на Фејсбук во која се собраа сите браќа и сестри кои потекнуваат од истиот донатор, а кога се приклучи имаше што да види – сите заедно ги има дури 50! Параноични сме што случајно би можеле да стапат во врска со некој со кој всушност сме поврзани – рече таа и додаде дека навистина не сака да развие подлабок однос со тие луѓе бидејќи ситуацијата е прилично непријатна за неа.

Сочувствувам. Имам дури 100 браќа и сестри – напишала една личност.

@izzyvn_98 what a life lol #donorbaby #triplets #siblingcheck #ancestrydna #IDeserveTuitionContest #fypシ #ZFlipClackdown ♬ original sound – Sarah Cothran