Направила фустан за матура од страници од книга

Повеќето девојки поминуваат месеци размислувајќи за нивниот фустан за матура и поминуваат часови и часови во потрага по оној кој совршено ќе одговара. Хејли Скоч одлучила да ги земе работите во свои раце кога е во прашање нејзиниот фустан за матура и да го изработи сама.




Имено, оваа млада девојка го изработила својот матурски фустан од страниците на книгите за Хари Потер, а за да го направи ова ремек дело и биле потребни четири дена.




Сакав да направам нешто необично, а отсекогаш ме фасцинираше Хари Потер, па редоследот на околностите беше логичен – објаснува таа и открива дека во целиот процес на изработка на фустанот и помогнала и нејзината мајка. Како што вели, книгите за Хари Потер имаат посебно значење за неа, бидејќи, нагласува, и донеле мир во одреден период од животот.




Моите пријатели и сите другари од училиште беа воодушевени кога ме видоа во фустан. Сите ги свртеа главите и покажаа кон мене. Тоа беше најлудото чувство што сум го почувствувал – низ насмевка раскажува оваа девојка. прнеоси „Хајат“.