НАПУШТЕНО БЕБЕ ПРЕЖИВЕАЛО БЛАГОДАРЕНИЕ НА КУЧЕНЦАТА КОИ ЈА ГРЕЕЛЕ ЦЕЛО ВРЕМЕ

Новороденче оставено од нејзините родители во Индија наводно било спасено од кученца откако било оставено на нива преку ноќ. Група работници кои тргнале на секојдневните обврски го пронашле новороденчето како лежи на поле во селото Саристал Лорми во индиската провинција Чатисгар, сместено покрај кученца.




Новороденчето било целосно неповредено, но било пронајдено без никаква облека, а папочната врвца и понатаму била тука. Локалните жители рекоа дека го нашле детето:




Во 11 часот најдовме мало девојче како плаче и лежи покрај кученцата. Во паника ја известивме здравствената служба пред новороденчето да биде однесено во болница на дополнителни прегледи.




Веројатно топлината на кученцата и самите нивни мајки е она што го одржало ова новороденче во живот. Обично ноќе температурата паѓа многу. Морам да кажам дека тоа е нејзината чиста среќа. Бебето по име Аканкша било донесено и прегледано во болница. Таа сега е упатена во проектот Child Line.