Натоварил ни помалку ни повеќе туку 11 трупци во „Passat VW“!

На социјалната мрежа Фејсбук, еден од членовите на популарната група „Само код нас“, денеска објави неверојатни фотографии направени, ако може да се верува на регистарски таблички, некаде во планинските делови на Босна и Херцеговина.




На фотографиите се гледа автомобилот Пасат 2, популарно познат како „пијачар“, натоварен со ни помалку ни повеќе туку 11 трупци, додека 12-тиот изгледа како да испаднал.




Не се знае точно каде се направени фотографиите, ниту дали возачот можел да го запали вака натоварен автомобилот, но секако е за рубриката „само кај нас“, пишува Фактор.